Скалони најави заминување од аргентинската репрезентација
По натпреварот кој го одбележаа инциденти и победата на Аргентина над Бразил, Лионел Скалони ги изненади Аргентинците најавувајќи заминување од клупата.
Скалони одлично ја води Аргентина, им го донесе мундијалскиот трофеј во Катар, а селекцијата игра одлично и во квалфиикациите за наредното Светско првенство (2026). Сепак, како што вели Скалони притисокот врз него да продолжи да го одржи тимот на вакво високо ниво е преголем. За својата иднина тој веќе разговарал со фудбалерите и претседателот.
„Во оваа прилика би сакал да кажам една важна работа. Морам многу да размислам во овој момент, треба да одлучам што ќе правам и каков ќе биде мојот следен потег. Не е мое заминување, меѓутоа морам да размислам на иднината.
Границата е поставена многу високои и тешко е да продолжите да победувате. Нашите играчи заслужуваат селектор кој секогаш ќе носи со себе максимална енергија. Ова им го кажав на фудбалерите и претседателот“, изјави Скалони.
Интересно е што по ваквото обраќање Скалони не дозволи новинарите да му поставуваат прашања, туку стана и си з