Роналдињо: Навивам Мбапе да ја освои „Златната топка“

Роналдињо се вклучи во дебатата за тоа кој би можел да биде
следниот добитник на „Златната топка“. Некогаш најдобриот играч на светот навива за Килијан Мбапе.
Поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ за АФП изјави дека Мбапе
„може да ја освои Златната топка со кој било тим“, но сепак има една
желба.
„Го сакам ПСЖ и би сакал тоа да го направи со нив. Тој ми е добар
пријател и многу добар играч. Ми се допаѓа неговиот стил на игра.
Логично, освојувањето на големи турнири ќе му помогне да го освои
овој трофеј“, изјави Бразилецот за АФП.
Килијан Мбапе го зазеде третото место во последниот избор, зад
рекордерот Лионел Меси и Ерлинг Халанд. Оваа сезона Мбапе
постигна 18 гола на 18 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ.