Мурињо ќе добие понуда за нов договор во Рома

Рома размислува да го продолжи договорот со португалскиот стратег Жозе Мурињо. Актуелниот договор на 60-годишниот тренер со Римјаните истекува следното лето.

Според изворот, раководството на клубот планира да одржи прелиминарни преговори со Мурињо пред крајот на тековната календарска година. Португалецот е на клупата на Рома од 2021 година. Мурињо им помогна на римјаните да ја освојат Конференциската лига во сезоната 2021/22.

Тековната сезона по 14 кола е на четвртото место во поредокот со 24 бода.