Куртоа ќе го пропушти Европското првенство
Голманот на белгиската фудбалска селекција, Тибо Куртоа го известил клубот дека нема да оди на Европското првенство во 2024 година.
Голманот моментално е на рехабилитација по тешката повреда на коленото, која ја доби во август. Тој нема да може да игра до мај 2024 година, непосредно пред почетокот на Европското првенство. Прашање беше дали дотогаш ќе биде 100 отсто фит, па затоа и самиот одлучил да не ризикува со предвремено враќање на голот.
Тој наводно го информирал својот клуб за ова прашање во последните месеци. Според „Радио Марка“, тој сака да го искористи целиот летен одмор за да ја продолжи рехабилитацијата.