Суспензија од еден натпревар за Артета, нема да го води Арсенал во Бирмингем
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, нема да може да го води тимот на следната средба од Премиер лигата. Шпанскиот стручњак кој лудо го прослави голот на Деклан Рајс во 97. минута од натпреварот против Лутон, кој Арсенал го доби со 4-3 и влета на теренот, доби жолт картон од судијата Сем Барот.
Бидејќи ова е трет жолт картон за Артета оваа сезона, тој автоматски ќе биде суспендиран. Во сабота, Арсенал ќе гостува кај Астон Вила, а на клупата ќе биде само неговиот асистент.