Марота: Лаутаро е лидер и достоен капитен на Интер
Извршниот директор на фудбалскиот состав Интер, Џузепе Марота, вели дека новиот договор на Лаутаро Мартинез ќе биде реалност откако напаѓачот изјави дека сака да остане во Италија.
„Тој е достоен капитен. Можам да потврдам дека ќе биде лесно да се направи нов договор“, потенцираше среќниот Марота.
Аргентинскиот напаѓач настапува за „нероаѕурите“ од 2018 година. Досега има 188 натпревари и 93 голови.