Полјакот Кивиор доаѓа на „Сан Сиро“ во јануари?
Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.
Прв на листата желби е полскиот дефанзивец, Јакуб Кивиор кој не добива голема минутажа во Арсенал. Кивиор својата афирмација ја стекна во Серија А во дресот на Специја, од каде за 25 милиони евра се пресели во Арсенал.
Меѓутоа, на „Емирати“ не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи ситуацијата.
Пиоли добро го познава, а „росонерите“ сакаат да го доведат во јануари на позајмица со право на откуп.