Каиседо објасни зошто го одбра Челзи пред Ливерпул

Мојсез Каиседо во последните моменти летниот преоден рок одлучи да ја прифати понудата од Челзи, а призна дека имал сериозни контакти ии со Ливерпул

.
Челзи за услугите на Еквадорецот плати астрономски 114 милиони евра и досега не ги оправда со играњето на теренот.
„Ливерпул ме контактираше, но беше предоцна. Едноставно се беше договорено. Сакав да играм за Челзи и луѓето кои се тука. Беше тешко да се одбие клуб како Челзи. Навистина се работи за големо име, тоа е сепак Челзи“, изјави Каиседо.


Влијание на неговата игра имал Н’Голо Канте кој бил еден од неговите идоли.
„Тоа што Канте играше тука беше дополнителна причина да го изберам Челзи, тој е еден од моите идоли. Сонував да заиграм за Челзи уште како дете“, истакна Еквадорецот.