Гвардиола го краде договорениот трансфер на Палиња во Баерн
Манчестер Сити ќе влезе во битка за потписот на Жоао Палиња од Фулам. Пеп Гвардиола е подготвен за напад во зима, иако за фудбалерот голем интерес има од екипата на Арсенал.
Фудбалерот на Фулам остана во Лондон, иако се беше договорено околу неговиот трансфер во Баерн минатово лето. На крајот, договорот пропадна во последен можен момент, но неговото останување во Фулам се чини нема да трае долго.
Арсенал уште пред некој ден најави дека разгледува да ја активира неговата откупна клаузула во јануари, а на сличен пат е и менаџерот на Манчестер Сити. Прашање е кој ќе испрати подобра понуда и каде Палиња преферира да игра во иднина.