Анчелоти: Има време за нов договор со Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека има уште
многу време да одлучи дали ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.
Во последната година 64-годишниот Италијанец постојано се
поврзуваше со селекторската функција во репрезентацијата на Бразил, а договорот со Реал му истекува на крајот на јуни следната година.
„Мојот божиќен подарок е дека сум тука во Реал Мадрид и можам да
работам“, изјави Анчелоти.
„Сè уште има време да размислам дали сакам да ми биде продолжен
договорот. Во моментов сакам само да ги добиеме нашите наредни
два натпревари за да имаме мир на Божиќ“, додаде Италијанецот.