Лапорта му изрече доверба на тренерот Чави

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за иднината на главниот тренер на каталонскиот клуб Чави. Претходно почнаа шпекулации дека Шпанецот може да биде разрешен од функцијата.

„Ние целосно му веруваме на Чави. Нема ништо од тие гласини“, рече Лапорта.Во моментов Барселона е на третото место во поредокот на шпанскиот шампионат со 35 бодови.

Тимот заостанува девет бода зад водечката Џирона. Актуелниот договор на Чави со каталонска Барселона е до јуни 2025 година.