РБ Лајпциг понуди 25 милиони евра за Елмас
Угледниот италијански спортски весник – „Кориере дело спорт“, објави, дека Лајпциг ќе понуди 25 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас.
Тоа е втор пат бундеслигашот и еден од најголемите клубови во Германија да атакува на потписот на македонскиот репрезентативец. Да потсетиме дека во изминатиот летен преоден рок се споменуваше дека Лајпицг е подготвен да понуди 30 милиони евра за фудбалерот на Наполи.
Сега останува да се види што ќе кажат наполитанците за овој нов атак на Лајпциг, посебно ако се знае дека Елмас и кај новиот стратег на шампионот, Валтер Мацари, тешко ќе го добие првотимскиот статус.