Јунајтед четири натпревари без гол, првпат по три децении
Откако беа поразени на гостувањето кај Вест Хем, фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа уште еден натпревар без постигнат гол.
Така „црвените ѓаволи“ не успеваа да постигнат гол и четврти натпревар по ред. Ова се случи за прв пат по 31 година. Последен пат Манчестер Јунајтед имал ваква негативна и лоша серија од четири натпревари без голови во ноември 1992 година. Во тоа време, тимот беше предводен од Сер Алекс Фергусон.
Манчестер Јунајтед го постигна својот последен гол во средата, 6-ти декември. Ова се случи на натпреварот од англиското првенство со Челзи – 2-1. Во следните четири натпревари во сите натпреварувања, избраниците на Ерик Тен Хаг не постигнаа ниту еден гол: 0-3 со Бурнемаут, 0-1 со Баерн, 0-0 со Ливерпул и 0-2 со Вест Хем.
Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра во вторник на 26 декември. Екипата на Тен Хег на домашен терен ќе ја пречека Астон Вила во рамките од 19. коло од Премиер лигата.