Челзи за само 13 милиони евра го купува Дибала?
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Покетино во јануарскиот преоден рок е неговиот сонародник Пауло Дибала.
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 13 милиони евра која ќе биде активна од 1 јануари.
Клаузулата важи само за клубовите надвор од Серија А, а Челзи е спремен да ја плати.
„Сините“ на Дибала му нудат двојно повисока плата, па ако Аргентинецот реши да замине, Рома нема да може да го задржи.