Иниго Мартинез започна со тренинзи по повредата
Чави Хернандез доби уште една добра вест за претстојниот период –
Иниго Мартинез се врати во тимот. Мартинез е еден од најважните
играчи во системот на Чави, а колку недостасува кога не е во тимот
покажува податокот што каталонците победија само еднаш без него.
Поразите од Антверп и Жирона, како и ремито со Валенсија беа
токму поради лошата одбрана во отсуство на Мартинез. Чави веќе
најави дека Мартинез ќе биде во почетниот тим штом биде спремен за игра.
Планот на Чави е Кунде да биде во ротација на десната страна, додека стоперскиот тандем да го сочинуваат Араухо и Иниго. Сега ако се одземе Гави за кого сезоната е завршена недостасува само Педри.
Во четврток Барса гостува на Лас Палмас, а потоа за викендот во
Купот на Шпанија игра против нисколигашот Барбастра, па патува во
Ријад на Суперкупот каде што ќе се соочи со Осасуна во
полуфиналето.