Артета ја состави трансфер листата во Арсенал

Арсенал и понатаму е еден од кандидатите за титула во Премиер лигата, меѓутоа последните два порази изгледа го натерале тренерот Микел Артета да размислува и за промени.

Во овој момент не е јасно дали Арсенал ќе ангажира ново име во своите редови, меѓутоа скоро сигурно е дека некои фудбалери ќе го напуштат првиот тим. Информациите на „Сан“ се дека на листата за заминување на Арсенал се осум фудбалери, а некои од нив може да си заминат уште во овој месец.

Голманот Арон Рамсдајл би можел да ја промени средината во потрага по голема минутажа, посебно пред Европското првенство, а Арсенал нема да прави проблем ако некој клуб плати 35 милиони евра (истата сума за која тие го доведоа).

На листата фудбалери кои можат да си заминат се уште Јакуб Кивор, Рис Нелсон, Еди Никетија, Емил Смит Роу, Томас Парти, Седрик Сораеш и Мохамед Елнени.