Брентфорд нема да го продаде Ајван Тони
Менаџерот на англиски Брентфорд, Томас Френк, е убеден дека Ајван Тони нема да го напушти клубот во јануари.
Арсенал е заинтересиран за Тони кој моментно е под суспензија за учество во обложување, а сумата која е поставена како негова цена за продажба е 80 милиони фунти.
„Тој е играч на Брентфорд. Тој е тука, изгубивме неколку играчи во нападот и не гледам зошто треба да го продадеме. Би сакал тој да остане тука долго време. Не ми се разговара за ова, но ако можам да советувам, цената мора да биде неверојатна за да си замине“, рече Френк.
Тони се уште одлежува осуммесечна суспензија поради кршење на прописите за обложување. Тој ќе може да се врати на терените за десет дена.