Мигел Гутиерез прв пик на Манчестер Јунајтед оваа зима

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Џирона, Мигел Гутиерез, објави весникот „Сан“. 

Според истиот извор, во изминатите неколку недели, скаутите на „црвените ѓаволи“ постојано присуствувале на натпреварите на Џирона на кои учествувал 22-годишниот фудбалер. 

Се нагласува дека Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува опцијата да го придобие Гутиерез во текот на актуелниот преоден рок. На Манчестер Јунајтед му треба засилување на позицијата лев бек откако Серхио Регилон го напушти клубот.

Да потсетиме, оваа сезона дефанзивецот на Џирона учествуваше на 20 натпревари на сите турнири, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 20 милиони евра.