Два премиерлигаши го сакаат Фримпонг од Леверкузен
Арсенал и Ливерпул се заинтересирани за дефанзивецот на Баер
Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра
и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се
етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Премиерлигашите го следат неговите настапи и веќе ја започнаа
битлата за неговиот потпис.
Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра,
сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.