Мареска ќе го суди неделното дерби меѓу Интер и Јуве

Фабио Мареска е официјално одбран за главен судија на Дерби д’Италија в недела, што истовремено ќе биде и одлучувачко дерби за титулата сезонава.

Лидерот Интер в недела од 20:45 на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано ќе го пречека предизвикувачот Јувентус во она што за Италијанците е најдолемо дерби на „чизмата“.

За оваа прилика тешката задача да ја дели правдата ја доби Фабио Мареска, 42-годишниот пожарникар од Неапол. Ќе му помагаат Алесандро Џалатини и Чиро Карбоне, со Даниеле Довери како четврти судија.

Во ВАР собата, задолжен за корекција на спорните ситуации, ќе седи Масимилиано Ирати, со Алеандро Ди Паоло како негов помошник.

Неделниот натпревар за мнозинството е пресметка на сезоната во Серија А, бидејќи Интер води на табелата пред Јувентус со само еден бод, но има и натпревар помалку.