Ројс летово ја напушта Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс е блиску до заминување од тимот на крајот на сезоната, пренесува „Билд“.

Договорот на 34-годишниот Германец истекува ова лето и според таблоидот, најверојатно клубот нема да му понуди нов договор.

Одговорните во клубот сметаат дека ветеранот веќе го дал својот максимум и помладите играчи треба да бидат лансирани како негови наследници.

Марко Ројс пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ во 2012 година. Ројс одигра 24 настапи за тимот во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи шест гола и давајќи три асистенции.