Белгиецот Муние потпиша за Трабзонспор

Eден од најголемите трансфери во Турција оваа зима го заврши клубот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, Трабзонспор.

Тимот кој има високи цели во турскиот шампионат го доведе Томас Муние, фудбалер кој сезонава го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Муниер со „милионерите“ потпиша договор на 18 месеци. На белгискиот фудбалер му истече договорот во јуни и се очекуваше да замине на лето, меѓутоа одлучено било уште ова зимо да ја напушти Борусија.

Муние никогаш не успеа да направи нешто поголемо во Борусија Дортмунд од неговото доаѓање од Пари Сен Жермен уште 2020 година. На 83 натпревари постигна три гола и подели осум асистенции.

Борусија одлучи да се раздели со него најмногу поради неговата плата која изнесува дури четири милиони евра и претставуваше товар на буџетот.