Реал нема намера да го продава голманот Андриј Лунин

Веројатно пред осум месеци никој не можеше да помисли дека Андриј Лунин ќе биде толку важен играч за Реал Мадрид.

Со повредата на Тибо Куртоа во август, Реал го доведе Кепа Аразибалага,, но се покажа дека и тој не е најдоброто решение. Како што одминуваше сезоната, Лунин добиваше се повеќе доверба од Карло Анчелоти и сега кога Куртоа се уште не е вратен е незаменлив меѓу стативите. Сигурни извори од Мадрид откриваат дека дошло до таков пресврт во Мадрид и сега на Лунин му се нуди нов договор.

Лунин има договор до летото 2025 година, Реал му нуди да остане, засега не е познато до кога, меѓутоа сега се прашува и тој бидејќи летово сигурно ќе има понуди и од други клубови, а прашање е каков ќе биде неговиот статус по враќањето на Куртоа.

Украинецот има 25 години, во Реал како тинејџер пристигна во летото 2019 година од Зорја Луганск за 8,5 милиони евра. „Кралевите го испраќаа на бројни позајмици во Леганес, Ваљадолид и Овиедо, а сега доби шанса поради повредата на Куртоа.

Со оглед на тоа што има договор до летото 2025 година, би можел да замине за малку пари, но и да избере клуб каде што го чека улогата на стартер.