Брозовиќ експресно се враќа во Европа, Барса се распрашува за него
Марсело Брозовиќ ова лето го напушти Интер и реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср.
31-годишниот играч за врска сака да се врати во Европа бидејќи не е задоволен од животот во Саудиска Арабија.
Интерес за него покажува Барселона, бидејќи Чави е во потрага по играч за врска со негови карактеристики и верува дека Хрватот се уште може да игра на врвно ниво.
Каталонците го сакаат Брозовиќ на позајмица, а самиот фудбалер е спремен да прифати помала плата за да се врати во Европа.