Розе го продолжи договорот со РБ Лајпциг

Германскиот бундеслигаш Лајпциг на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со тренерот Марко Розе.

Новиот договор со 47-годишниот Германец е со важност до летото 2026 година, додека неговиот претходен договор беше до крајот на следната сезона.

Розе е на кормилото на германскиот клуб од септември 2022 година. Под негово водство Лајпциг го освои германскиот куп и Суперкупот.

Минатата сезона, Лајпциг го зазеде четвртото место во Бундеслигата, со што тимот доби билет за настап и во Лигата на шампионите.