Кехинде од Гостивар се сели во Струга

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга ТЛ донесе уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона. Од вчера ново засилување за стружани е Ланре Кехинде, кој е еден од деветте нови фудбалери кои ќе играат за Струга во новата сезона.

Нигериецот се сели крај езерото од екипата на Гостивар, каде настапуваше минатата сезона. Според информациите, тој со Струга ТЛ потпиша договор на една сезона.

Минатата сезона во ПМФЛ, Кехинде постигна 12 гола и забележа пет асистенции во 23 натпревари. Стружани денеска заминуваат за Братислава каде утре ќе го одиграат првиот меч против Слован во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.