Комо пред потпис со Алберто Морено

Новиот италијански прволигаш, Комо и натаму е активен на трансфер пазарот во обид да го засили тимот за тешката сезона која му претстои во италијанската елита. Најновата вест е дека првите луѓа на Комо сега работат на трансфер на Шпанецот Алберто Морено.

Според Фабрицио Романо, италијанскиот клуб преговара со 32-годишниот поранешен дефанзивец на Ливерпул за потпис како слободен играч. Морено минатата сезона ја мина во Виљареал, по што го заврши договорот со „жолтата подморница“.

Покрај тоа, Комо напредува во преговорите со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.