Брајант доби нова статуа во Лос Анџелес

Градските власти на Лос Анџелес открија нова статуа посветена на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со својата малолетна ќерка.

Брајант добива нова статуа, која се наоѓа во близина на „Крипто Арената“, и ќе биде втора од вкупно трите што се планирани да бидат изградени во негова чест.

Првата статуа во чест на славниот кошаркар беше откриена на осми февруари, а третата ќе биде поставена пред крајот на 2024 година и ќе биде изработена од мермер и бронза.