Челзи го мерка Метју О’Рајли од Селтик

Луѓето од фудбалскиот состав Челзи имаат намера да го купат
најдобриот асистент во изминатиот шампионат во Шкотска, Метју
О’Рајли, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Според нив, играчот од средниот ред на Селтик се гледа како
еден од кандидатите да замине кај „сините“ од Лондон доколку
не обезбедат ново име во наредниот период.
Тој во претходната сезона на 49 мечеви успеа да постигне 19
голови и да направи дури 18 асистенции.