Кјаер замина во репрезентативна пензија по петнаесет години

Симон Кјаер по 15 години и 132 настапи во дресот на Данска одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Повлекувањето од националниот дрес, Кјаер го објави на социјалните мрежи.

„Одлучив да се повлечам по 15 одлични години. Тажен сум затоа што чувството на единство кога сум во репрезентацијата ми значеше многу. Кога имав четири години и почнував да играм фудбал, не можев ниту да замислам дека ќе учествувам на шест Светски и Европски првенства, а ќе одиграм 132 натпревари.

Горд сум за големата привилегија да бидам и капитен во последните осум години. Благодарност до сите, Федерацијатам тренерите, персоналот, сите соиграчи, навивачите…“, порача Кјаер.