Косово исфрли тројца фудбалери од националниот тим
Убедливиот пораз од 3-0 од Романија ја наруши атмосферата во репрезентацијата на Косово, а ситуацијата кулминираше со денешната одлука на селекторот Франко Фода да отстрани од националниот тим тројца стандардни првотимци.
Станува збор за Аријанет Муриќ, Едон Женгрова и Флорент Муслија, кои нема да биде дел од репрезентацијата на Косово поради прекршување на правилата одредени од селекторот и од федерацијата.
„Со заедничка одлука на селекторот Франко Фода и на репрезентацијата, тројцата фудбалери Муриќ, Женгрова и Муслија се отстранети од репрезентативниот собир поради прекршување на дисциплинските правила“, се вели во соопштението на Косовската Фудбалска Федерација.
Засега не се откриваат детали како тројцата играчи ги прекршиле правилата, а објавено е дека дополнително е повикан голманот Фатон Малоку од Дрита, на местото на Муриќ кој настапува за премиерлигашот Ипсвич.