КС Групација со свој тим учествуваше на Трчај Бе

Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа компании кои се дел од КС Групација се редовни поддржувачи на градската трка Трчај Бе која секој септември 6 години по ред се одржува во Битола.
КС Групација го поддржува спортот и спортските активности па во таа насока ги мотивира своите вработени да се пријават и како еден тим да учествуваат активно на трката.
Тимот кој ја претставуваше КС Групација оваа година броеше 17 тркачи.

КС Групација е задоволна од резултатот кој го постигнаа нејзините вработени кои во голема конкуренција ги постигнаја следниве резултати: женскиот тим заврши на 6 место, а машкиот тим се позиционира на 7 место.
Најдобар резултат на 5 километри од женскиот тим имаа: Марија Дабевска, Анѓела Гашовска, Јасна Весиќ и Анамарија Крстевска.
Најдобар резултат на 5 километри од машкиот тим имаа: Виктор Екимовски кој трката ја заврши со одличен резултат од 20:11, Томислав Дивјакоски, Христијан Деловски и Јован Димовски.
Останати членови на тимот кои трчаа на 5 километри се: Елена Трајчевска, Петар Божиновски, Соња Дојошевска, Илија Цветановски, Марија Бошевска, Ангел Ивановски и Дејан Николовски,

На 10 километри за КС Тимот трчаа Симона Цветановска во женска категорија која постигна одличен резултат и се пласираше на 8-мо место од вкупно 73 пријавени жени и Петар Павловски во машка категорија.

Во склоп на самата трка КС Групација имаше и свој настан “ТРЧАЈ БЕ ЗА ПИВЦЕ БЕ” кој беше организиран како место за дружба со музика, пивце и апетисани.
Тимот за навивање и подршка на тркачкиот тим КС Групација беше најоргинален. Маркетинг тимот на КС Групација имаше изработено свои пароли и таблички за навивање за секој член од својот тим. Според порталот Бабам Битола победник на овогодинешниот Трчај Бе е нашата Симона која имаше најуникатна навивачка парола „Трчај мамааа, умревме за јадење…“
КС Групација ќе продолжи и во иднина да ја поддржува оваа градска трка која веќе станува традиција.