КС Групација ја спроведе 13-та крводарителска акција

Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата денес успешно ја спроведија 13-та по ред крводарителска акција на која се собраа голем број на крвни единици.
Крводарителската акција се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола и беше со отворен карактер. Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од Битола, но и кај вработените од другите градови. Кон оваа крводарителска акција се приклучија и вработените од Минт Финтек Груп.


Редовното организирање на крводарителските акции е составен дел на работењето на сите компании од КС Групацијата кои со личен пример сакаат активно да допринесат за зголемување на свеста кај останатите компании кон дарувањето на крв кое е од витално значење за спасување на човечките животи.

Од менаџерскиот тим на групацијата порачаа дека организирањето на крводарителските акции ќе продолжи и во иднина бидејќи хуманоста е еден од главните постулати на програмата за општествена одговорност на самата групација.