Промоција на програмата за стипендирање на студенти на КС групација на правниот факултет – Битола

На 9 октомври 2024 година, претставници на КС Групација, вклучувајќи ја Елена Трајчевска – раководител на секторот за маркетинг, Томислав Дивјакоски – раководител на правниот сектор и Марија Бошевска – специјалист за човечки ресурси и координатор на програмата за стипендирање на студенти и средношколци, ја презентираа програмата за стипендирање пред студентите на Правниот факултет во Битола.

Оваа програма претставува клучна можност за младите студенти и средношколци да добијат финансиска поддршка за нивното образование, практично искуство и можност за вработување после завршувањето на образованието. Програмата за стипендирање и практиканство на КС Групација нуди уникатни придобивки, меѓу кои финансиска помош која ги покрива трошоците за школување, можност за учество во практикантски програми во рамките на групацијата, како и шанса за развивање на практични вештини преку работа во различни сектори на компанијата.

КС Групација со оваа иницијатива покажува висока општествена одговорност и искрена посветеност кон поддршката на образованието и развојот на младите луѓе. Компанијата не само што вложува во професионалниот раст на своите вработени, туку и активно работи на создавање на можности за младите генерации да се едуцираат и да напредуваат. Преку вакви иницијативи, КС Групација покажува дека е не само економски, туку и општествено одговорна компанија која активно придонесува кон развојот на заедницата.

Дознајте повеќе на следниот линк:https://shorturl.at/8ch3l