Трета генерација Малдини заигра за италијанската репрезентација

Вчера беше отворена нова страница во историјата на италијанската фудбалска репрезентација, откако трета генерација од едно семејство играше за националниот тим.

23-годишниот Даниел Малдини, син на Паоло и внук на легендарниот и починат Чезаре, дебитираше за тимот во синоќешната победа од 4:1 над Израел во Лигата на нации. Напаѓачот на Монца се појави на теренот на стадионот Фриули во Удине во 73. минута.

Неговиот татко Паоло, кој има 126 натпревари за Италија и ја носеше капитенската лента, и неговата мајка Адријана беа на трибините за да го поддржат. Неговиот дедо Чезаре, во славната кариера вклучува 14 настапи за Италија како фудбалер и 2 години како селектор, почина пред 8 години кога Даниел веќе блескаше во школата на Милан.

„Ова деби го посветувам на моето семејство, пријателите и сите кои ме сакаат. Се надевам дека ќе донесам поголем квалитет во тимот, иако има многу работа пред мене. Сакам да помогнам колку што можам“, изјави по натпреварот Даниел Малдини.

Всушност, од познатото семејство, неговиот татко дебитирал за Италија како најмлад – само 19 години во 1988 година. Неговиот дедо имал 28 години кога го облекол дресот на репрезентацијата во 60-тите години од минатиот век.