Јунајтед заинтересиран за Артуркоглу од Бенфика

На Манчестер Јунајтед и оваа сезона не му оди, па клубот веќе прави одредена листа на желби со фудбалери кои ќе се обиде да ги доведе во летниот преоден рок.

Клубот прави промени околу работењето и балансирањето на буџетот, а последниот потег со отказот на Сер Алекс Фергусон предизвика бурни реакции. Сепак, мораат да почнат и да доведуваат засилувања кои ќе го покажат она за што се доведени.

Според последните информации клубот од „Олд Трафорд“ е заинтересиран за Керем Актуркоглу од Бенфика и веќе испратиле скаути да ги следат неговите настапи. Летово Актуркуоглу пристигна во Бенфика од Галатасарај и продолжи да тресе мрежи. Сезонава има учинок од шест гола и пет асистенции.

Најавите се дека Бенфика не би го пуштила да замине за сума помала од 50 милиони евра. Договорот кој го има со португалскиот гигант е со важност до 2029 година.