Бонучи почнува тренерска кариера, ќе биде асистент во У20 селекцијата
Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи, му се приклучи на стручниот штаб на италијанската репрезентација до 20 години како помошник на селекторот Бернардо Коради, официјално соопшти денеска Фудбалската федерација на Италија.
37-годишниот Бонучи го одигра последниот натпревар од својата професионална натпреварувачка кариера во мај годинава во дресот на турски Фенербахче и одлучи да се фокусира на своите тренерски почетоци, откако неодамна со успех го положи испитот за УЕФА Б лиценца.
Бонучи ќе работи заедно со селекторот Бернардо Коради во пресрет на првиот голем предизвик во неговата тренерска кариера – Светското првенство за играчи до 20 години во Чиле, кое е закажано за септември 2025 година.
Поранешниот дефанзивец рече дека е горд што добил шанса од италијанската федерација, додавајќи оти сега е време тој да „гледа и учи“.