Шундовски привремено решение на клупата на Еурофарм Пелистер
Менаџерскиот тим на клубот одлуката ја донесе по вчерашната оставка на досегашниот тренер Бранислав Ангеловски што ја поднесе веднаш по поразот на битолчани од тимот на Алкалоид во Скопје.
Од РК Еурофарм Пелистер соопштија дека Шундовски екипата ќе ја води до избор и именување на нов тренер.
„РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици. Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски“, информираат од Еурофарм Пелистер.