Заврши голготата, Лени Јоро по три месеци тренира со Јунајтед
Лени Јоро, засилувањето на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок, по три месеци пауза започна со индивидуални тренинзи. Младиот стопер кој летово пристигна за 55 милиони евра се повреди по само десет дена во клубот.
Тој на подготовките на турнејата низ САД ја скрши метатарзалната коска на стапалото на натпреварот против Арсенал, по што веднаш беше опериран.
Манчестер јунајтед се огласи и на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како Јоро почнува да тренира.
„Нашиот број 15 стигна до нова фаза во процесот на рехабилитација. Нашиот централен бек има уште многу работа и ќе започне да тренира со групата кога ќе биде подготвен.“
Не се знае точно кога ќе биде на теренот, но постојат сите шанси Ерик Тен Хаг на него да може да смета во втората половина од ноември.