Брајан Ример именуван за нов селектор на Данска
Брајан Ример кој има 46 години е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Данска, потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Ример на клупата на националниот тим ќе го замени Каспер Хјумланд кој си замина од функцијата по Европското првенство, привремено репрезентацијата ја водеше Мортен Веигорст.
Новиот селектор на Данска ќе дебитира на 15 ноември против Шпанија во Лигата на Нации, додека три дена подоцна ќе гостува на Србија во Лесковац.
Зад Ример е солидно тренерско искуство. Дури девет години работеше во Копенхаген како асистент и како тренер на младинците, потоа самостојно го водеше Андерлехт каде што се задржа две сезони. Клубот го напушти на 19 септември кога доби отказ.