Ла Лига го осуди расизмот врз Ламин Јамал во Мадрид

Раководството на Шпанското фудбалско првенство го осуди расизмот против Ламин Јамал.

Поради настаните за време на натпреварот Реал Мадрид – Барселона, кои вклучија неприфатливо расистичко однесување, Ла Лига ќе пријави навреди и расистички гестови во полиција и ќе го извести обвинителот за криминал од омраза и дискриминација. Ла Лига силно ги осудува овие настани на „Сантијаго Бернабеу“ и останува цврста во својата посветеност да ги искорени сите манифестации на расизам и омраза на стадионите и пошироко. Нема место за ова зло во спортот, се вели во соопштението на Ла Лига.

Фудбалер на Барса бил подложен на навреди на расна основа по третиот гол на неговиот тим одигран синоќа на гостински терен со Реал Мадрид.