Родри: Ова е посебен ден за мене и за моето семејство
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родриго Ернандез ја освои Златната топка за 2024 година. Тој го победи напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор во битката за наградата. На третото место се најде Џуд Белингем.
„Неверојатна вечер за мене. Им благодарам на сите. Сакам да им се заблагодарам на многу луѓе. Пред се, Франс Фудбал, УЕФА. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Денес е посебен ден за мене и моето семејство. Сакам да и се заблагодарам на мојата свршеница, немаше да биде исто без тебе, за се што ме научија во Париз.
Знам дека Ламин Јамал може да биде на мое место. Знам дека еден ден ќе бидеш на мое место. Тоа е победа за цела Шпанија. Добро е што имаме Шпанец кој го освојува трофејот. Има толку многу играчи од средниот ред кои ја заслуживме оваа награда. Денеска конечно излегуваме во центарот на вниманието.
Кога имав 16 години ги сонував своите соништа. Никогаш не мислев дека ќе стигнам овде. Им реков на моите родители дека тогаш се откажувам, но тие ме спречија. Мило ми е што во фудбалот можам да стигнам до највисоко ниво“, додаде играчот од средниот ред.