Оскар Пјастри најбрз на спринтерската трка во Интерлагос

Oscar Piastri, McLaren MCL38

Австралиецот Оскар Пјастри од тимот на Мекларен ја освои најдобрата стартна позиција пред саботната спринтерска трка за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос.

Пијастри ја освои пол-позицијата со време од 1:08.899 минути. Австралиецот беше само 0,029 секунди побрз од британскиот тимски колега Ландо Норис, додека Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферари беше трет со 0,254 секунди заостанување.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше четврти.

Од третиот ред ќе стартуваат Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) и Британецот Џорџ Расел (Мерцедес).

Спринт трката е на саботната програма, додека Бразилското ГП е в недела.