Пелистер се намачи, но го совлада жилавиот Кожув

Кошаркарите на Пелистер им се вратија на победите во домашниот шампионат и во возбудлив натпревар од петтото коло на свој терен го совладаа составот на Кожув со 92-87.

Сите пет стартери на Пелистер имаа двоцифрен број на реализации. Антоан заврши со 21, Стајиќ имаше 17, Мишковиќ и Едвардс по 13, а Стојановски уште 12.поени, но тоа не беше се, затоа што во таа група со 11 поени „влезе“ и резервистот Ташовски.

Во онаа од Гевгелија, Стевановиќ запре на 30 поени, Пилепи го слееше со 18, а Вилсон имаше уште 16. Но за нешто повеќе им требаше и поддршка од клупата, добија пет поени од Караџовски, и четири од Главачев.