Перез нема веќе неограничена доверба во Анчелоти, Реал го бара неговиот наследник

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не е задоволен од настапот на тимот од почетокот на сезоната и од неубедливите резултати. Поради оваа причина, тој почнува да го губи трпението со Карло Анчелоти и сега се посериозно размислува дали е време за промена на тренерското место.

Перез имал разговор со Анчелоти и побарал итно подобрување и на резултатите и на перформансите на тимот. Најмногу е разочаран од настапите против Лил и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Флорентино е незадоволен од начинот на кој во моментов се користи Белингем, како и од фактот дека младите таленти Ендрик и Арда Ѓулер добиваат премалку минутажа.