Зверев суверено до титула на Мастерсот во Париз

Александар Зверев го освои Мастерсот во Париз откако беше подобар од домашниот тенисер Уго Амбер, кого го совлада со 6-2, 6-2.

Амбер направи неколку чуда во Берси, но на крајот не успеа да го освои пехарот, бидејќи Зверев покажа целосна доминација во финалниот меч.

Зверев беше доминантен на сервисот, на противникот не му дозволи ниту една брејк топка, додека двапати во двата сета му одзеде сервис за рутинска победа.