Убедлив пораз на У15 репрезентацијата од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денес на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.

Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 2-4. Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25 минути имаше убедлива предност од 0-3. Данило во втората минута од пенал го доведe противникот во предност од 0-1. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 0-3.

Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 2-3.

Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 2-4.