Аморим: Младоста не ни е алиби, Јунајтед секогаш игра на победа

Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека фактот што ќе работи со релативно млади играчи нема да биде оправдување за евентуален неуспех.

„Не сакам да кажам дека ни треба време бидејќи сме млад тим. Фудбалерите се тука и мораат да бидат подготвени за предизвикот, младоста не смее да ни биде алиби. Секогаш ќе одиме на победа“, вели Аморим.

Тој ќе дебитира на клупата на „црвените ѓаволи“ на 24 ноември на мечот со Ипсвич во рамките на Премиер-лигата.