Франција го освои „Сан Сиро“ и го грабна првото место во Лига А
Фудбалерите на Франција ја победија Италија на „Сан Сиро“ со 1-3 и го обезбедија првото место во Групата 2 во А дивизијата, во Лигата на нации. Во вториот натпревар Израел во Дебрецин ја победи Белгија со 1-0, но и покрај триумфот испадна во Б дивизијата.
Овој циклус во Лигата на нации Франција и Италија го завршија со ист број на победи, двата тима во меѓусебните дуели славеа како гости со 1-3, а Французите благодарение на гол-разликата го освоија првото место.
Во триумфот на Франција во Милано блескаа левиот бек Лука Дињ и играчот од средниот ред Адриен Рабио.
Покрај Франција и Италија, во иста група се и Белгија и Израел, а нивниот натпревар заврши со победа на Израелците од 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жарден Шуа во 86. минута.