Ветеранот Чупо Мотинг се сели во МЛС лигата
Камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо-Мотинг кариерата ќе ја продолжи во САД, јавија синоќа британските медиуми.
Чупо-Мотинг, кој во моментов е без клупски ангажман, треба да ја продолжи кариерата во Њујорк Ред Булс во американската МЛС лига.
Според телевизијата Скај, камерунскиот фудбалер веќе бил на лекарски преглед и се договорил за сите услови од двегодишниот договор кој започнува на првиот ден од 2025 година.
Последен клуб на Чупо-Мотинг беше минхенски Баерн, но германскиот фудбалски гигант ова лето одби да го продолжи договорот со камерунскиот репрезентативец.
Во текот на кариерата Чупо – Мотинг го носеше и дресот на ПСЖ, Хамбургер, Нирнберг, Мајнц, Шалке и Стоук.